Од утре кандидатури за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, конвенција на 1 март
Најголемата владејачка партија ВМРО ДПМНЕ, од утре и официјално ќе ја започне процедурата за избор на каднидат за претседател на Македонија, преку огласот кој што ќе го објави на својата веб страна.
Сите заинтересирани кандидати кои што ќе покажат интерес за да седнат на претседателската фотелја ќе имаат можност да ги достават своите кандидатури и да се обидат да ја добијат поддршката од 1300 делегати на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ која што ќе се одржи на 1 март во скопската Универзална сала.
И додека ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува процедурата за избор на кандидат за шеф на државата, коалициониот партнер ДУИ е заглавен на идејата за консензуален претседател. Иако во Мала Речица се погласен станува ултиматумот за бојкот на избоите без реализација на нивните барања, сепак од партијата информиаа дека веќе го назначиле генерлниот секретар Абдулаќим Адеми за шеф на партискиот изборен штаб.
Во меѓувреме, тече рокот за собирање на потписи за независните кандидати и оние кои не можат да си обезбедат поддршка од пратениците во Собранието. И додека професорката Билјана Ванковска се жали на технички проблеми со канцелариите на ДИК, партијата ГРОМ се пофали дека за еден ден обезбедиле над 7000 потписи за својот кандидат Зоран Поповски. Во трката до 10.000 потписи учествува и Стојанче Ангелов од Достоинство, а доколку сакаат да кандидараат свој кандидат, истата постапка мора да ја направаат и во албанските политчки партии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа