Времето побудале - вистинска пролет сред февруари
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 16 до 22 степени.
Во Скопје слично време, со утринската температура околу еден и со дневна до 19 степени.
И во наредните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време. Локални врнежи од дожд и опаѓање на температурата се очекува од петок и во деновите од викендот.
18.02.2014 - 08:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа