Македонски и бугарски бизнисмени на средба во Крива Паланка
Maкедонски и бугарски бизнисмени и градоначалници денеска во Крива Паланка ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на пограничната соработка и заедничките проекти со средства од ЕУ фондовите.
Форумот е инициран од Македонско-бугарската стопанска комора, а на него се очекува присуство на десетина градоначалници меѓу кои од Дупница, Ќустендил, Куманово, Кратово и Ранковце.
На форумот ќе се разгледува како да се дојде до средства за итна модернизација на патниот правец Крива Паланка – Ќустендил, можна ли е брза изградба на заеднички пограничен сообраќајно-царински терминал, како до развој на планинскиот и културниот туризам и формирање на конзорциум од компаниите во пограничниот регион со создавање заеднички извозен продукт.
Неодамна во Балгоевград се одржа сличен состанок на кој беше договорено оваа пролет домаќин на бизнис-експо на овој дел од граничното поврзување да биде Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа