Грк се обидел да шверцува антички монети на „Александар Велики" - што заплени царината?

 

Во текот на изминатата недела и викендот цариниците беа со полни раце работа. Запленети се античка монета, цигари, девизи, козметички средства, средства за чистење,  гуми за џвакање, прскалки, фалсификати и друго...

Цариниците на Александар Велики откриле 1 античка монета кај грчки државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Виена. На барање на аеродромската рентген служба, царинските службеници извршија контрола на чекираниот багаж на патникот, при што пронајдени се монети од поново време, што немаат вредност, но при извршениот личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна пронајдена е една монета од антички период, за која патникот не поседувал никаков документ за потекло.

Запленети се и 166 штеки цигари со македонски акцизни маркички, откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на чекираниот багаж на двајца македонски државјани, пријавени за излез од државата. 

Во првиот случај, патник кој имал намера да отпатува со лет за Љубљана, се обидел во својот багаж нелегално да изнесе 106  штеки цигари ЊЕСТ, РОДЕО, САН Слимс и ДАВИДОФФ.
Во вториот случај, во багажот на патник кој имал намера да отпатува со лет за Лондон,  откриени се 60 штеки цигари Карелиа Слимс.

Исто така, царината заплени и 12 штеки и 7 кутии цигари ЛД ред 100с со македонски акцизни маркички, откриени на царинската испостава Делчево-патнички промет, при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин, пријавено за излез од државата.  Непријавените цигари биле сокриени во внатрешноста на задното седиште на возилото.

Запленети се и 660 дезодоранси и тоалетни води со ознаки на заштитени трговски марки, откриени на царинската испостава Богородица-патнички промет, при контрола на товарно возило со турски регистарски таблички, пријавено за влез во државата. Возилото било натоварено со разна стока со потекло од Турција, наменета за фирма-увозник од Косово, како и 2.854 делови за мобилни телефони и 115 делови за сончеви системи со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

На Царина паднаа и 568 парчиња различна стока (челични винкли и плочки, челични ќошиња, челични држачи, штрафови со мутери, челични клинови и стеги). Стоката за која постои основано сомнение дека е предмет на извршено кривично дело, откриена е на граничниот премин Свети Наум, на излез од  државата, во патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од албански државјанин, со кое патувал уште еден сопатник, исто така албански државјанин. Додека царинскиот службеник вршел преглед на возилата сопатникот во возилото најпрво се упатил во тоалетот за патници, а потоа се вдал во бегство преку ридот на преминот. За неговото бегство веднаш се информирани албанските погранични служби. Откриената непријавена стока е привремено задржана. За случајот е известено Министерството за внатрешни работи и против инволвираните лица ќе биде спроведена соодветна постапка.

 17.326 разни производи, откриени во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови, при контрола на две патнички комбиња со македонски регистарски таблички, управувани од двајца македонски државјани.
Во првиот случај, при контрола извршена на патниот правец Тетово-Гостивар, во близина на наплатната рампа пред Гостивар, пронајдени се 15.322 разни производи (козметички производи, средства за чистење, новогодишни прскалки, гуми за џвакање и лижавчиња), додека во вториот случај, при контрола извршена во близина на населбата Шуто Оризари, пронајдени се 2.004 разни производи (делови за електрика, делови за чешми, изолир ленти, делови за возила, алат, батерии, катанци, камен за брусење и брави за врати и нивни делови). 
Во двата случаи, возачите не поседувале документи за потекло на стоката и платени царински давачки, поради што истата е привремено задржана, а против прекршителите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка.
238 употребувани бургии, откриени при контрола на стока со потекло од Естонија, наменета за фирма увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Аеродром Скопје.
 225 парчиња женска, машка и детска облека, откриени при детален преглед на патничко моторно возило со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин придружуван од уште едно лице, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица . Стоката е откриена во просторот за багаж во три патни торби под гардеробата на  возачот, како и во неколку ќеси.             

18.02.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега