Компании од Австрија размислуваат да инвестираат во земјава

 

Австриските компании кои слушнаа какви можности за отпочнување бизнис нуди Македонија, сериозно размислуваат да инвестираат во земјава.

На бизнис форумот одржан во Виена компаниите изразија позитивни оценки за македонската бизнис клима. 

- Во Македонија гледаме можност за пристап до голем пазар. Сакаме да ја развиеме и прошириме компанијата од ЈИЕ во светски снабдувач на нашите производи. За да го оствариме тоа потребни се одредени инвестиции во неа. Се надевам дека нашите бизнис-планови ќе се остварат, дека ќе инвестираме, ќе вработиме луѓе, ќе изградиме потребни капацитети, изјави Манфред Рајснер од „Кнор Бренсе“ компанија која изработува сопирачки за возови, пренесе МИА.

Рајснер истакна дека нивната компанија вработува 20.000 луѓе и има обрт од четири милијарди евра. Седиштето на компанијата е во Германија, а делот во Австрија е одговорен за Источна и Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

- Има многу лесни процедури за отворање и водење бизнис. Во земјата ги има и сите потребни експерти кои ни се неопходни за формирање на компанијата, за нејзино водење и финансиска поддршка. Многу сме задоволни од условите што ги нуди Македонија во кои и лично се уверивме, изјави Кидс.

Таа додава и дека планираат да инвестираат во Македонија.

19.02.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега