Од идниот месец поевтини меѓуградски разговори во фиксна телефонија преку Македонски телеком

 

Цената за разговор на национално и на локално ниво во фиксната телефонија преку Македонски телеком од 1 март се изедначува и ќе изнесува еден денар. За ова денеска информираше  директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски.

- Повеќе  ќе нема национални и локални повици. Се брише границата меѓу повици во  еден град или повици од еден кон друг  град, како што беше пракса порано. Сега сите стануваат национални односно локални повици со цена од еден денар, вели Ордановски и додава дека јавувањето од фиксен телефон на МТ кон мобилен наместо  досегашните 9,99 денари од 1 денари ќе изнесува 6,99 денари.

Ордановски потенцира дека фокусот кон корисниците останува примарна цел на АЕК и порача оти сите злоупотреби од  операторите ќе бидат казнети: - Со новиот закон за електронски комуникации  што е на пленарна седница во  Собранието нашите можности ќе бидат поголеми и ќе можеме веднаш да ги корегираме сите неправилни однесувања, вели тој.

Во текот на минатата година, АЕК се соочила со големи девијации на телекомуникацискиот пазар. Инспекторските служби ги открија и се  покренаа веднаш сите законски постапки, од предупредување до прекршочна постапка. Во тек е судски процес  против соодветните оператори.

-  Им порачувам на  операторите да внимаваат како се однесуваат кон своите претплатници затоа што  им ветувам дека ќе бидеме максимално ригорозни со цел  крајните  корисници да бидат задоволни, наведе Орданоски.  

 

19.02.2014 - 15:03
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега