Нова инвестиција во Македонија - ќе се вработат 450 лица

 

Англиска компанија ќе инвестира во Македонија. Се работи за компанијата Ендава која ќе инвестира во Скопје, каде веќе почнаа со регрутирање,а потоа планираат да се прошират и во другите градови, пред се каде има ИТ факултети.

-Компанијата се занимава со софистициран софтвер и за следниве три до четири години планира да вработи до 450 нови, млади ИТ инженери. Во брзо време компанијата ќе започне со работа, бидејќи веќе почна со еден мал круг на инженери, истакна директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.

Од компанијата потенцираат дека веќе имаат вработено 1.500 лица, а вработуваат од 40 до 50 лица месечно.

-Нашата компанија обезбедува услуги на повеќе држави, а одлучивме работата да ја продолжиме кај вас во Македонија. Разгледувавме поголем број на градови во Европа, барајќи брз раст на ИТ секторот и забрзан економски раст. Тоа го најдовме овде. Ја посетивме Македонија, се сретнавме со вицепремиерот Ставрески, а потоа и со Висар Фида, како и други луѓе од „Invest in Macedonia“. Импресиониран сум од односот и комуникацијата со Владата, другите институции и компаниите, кои сите работат заедно, истакна Џон Котерел, извршен директор на компанијата.

Тие велат дека не бараат квантитет, туку и квалитет со кој фирмата ќе оди напред.

20.02.2014 - 14:18
Фото: 
окно

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега