Тепачка во полноќниот автобус 41 кој сообраќал кон Драчево

Пијан човек го нападнал контролорот во ноќниот автобус на ЈСП со бројот 41 кој сообраќал на релацијата кон Драчево, тврдат очевидци за Press24. Според нив, инцидентот се случил пред петнаесетина минути кога човек кој како што велат се враќал од свадба го нападнал контролорот кој најверојатно му побарал билет. На автобуската станица ка Драе Џамбаз во автобусот влегла полиција која што интервенирала и спречила инцидентот да ескалира. 
За овој инцидент се уште не можеме да добиеме потврда од полицијата

најчитано сега