Пораст на бројот на склучени бракови во Македонија
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, во Македонија во последниот кавртал од минатата година природниот прираст на населението бил 1.073 лица.
Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2013 година е 6.075 и во споредба со истиот период во 2012-та е зголемен за 3,5 отсто. Бројот на умрените лица изнесува 5.002 и бележи зголемување од 0,9 отсто. Од нив 72 се умрени доенчиња.
За истиот споредбен период бројот на склучени бракови е 3.401 што е зголемување за 3,7 отсто, а разведени се 540 бракови што е, исто така во пораст, говорат податоците на Државниот завод за статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа