Шампионот во ски-скокови во Сочи се плаши од височина

 

Верувале или не Андреас Ванк, член на германската репрезентација и освојувач на златен медал на Зимските олимписки игри во Сочи кој важи за еден од најдобрите скокачи се плаши од височина.

Луѓето мислат дека неговата дисциплина и професија е за бестрашни, меѓутоа Ванк е интересен и несекојдневен скокач.

„Се плашам од височини уште од  детството. Така е и кога скокам од скокалницата“, наведува младиот Германец.

Тој на прашањето зошто ја одбрал токму оваа зимска дисциплина одговори:

„Се додека трае спустот е мирно, така е и додека летам, поинаку е кога треба да се искачам на скокалницата. Тогаш ми е високо да погледнам надолу.

21.02.2014 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега