Не е алкохол за секого - млад скопјанец си ги нападна родителите со нож

Ноќеска околу 1:30 часот, родители од Скопје пријавиле дека нивниот 22 годишен син Д.К., физички ги малтретира и им се заканува со нож во нивниот стан. Полицијата веднаш интервенирала, но, момчето не престанало да беснее. Д.К., кој бил под дејство на алкохол, ги нападнал и полициските службеници, нанесувајќи им полесни телесни повреди.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

најчитано сега