Ја нападнал и ограбил додека чекала лифт - кривична за насилен млад скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишниот В.Г од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

Тој на 16 овој месец во 10 часот и 30 минути во зграда на улицата „29 Ноември“ ја нападнал 86-годишната М.Д. одземајќи и златен ланец и привезок вредни околу 20 илјади денари.

Вештиот крадец ја начекал М.Д. додека чекала да влезе во лифт, ја нападнал од зад грб и ги одзел златниот ланец и привезокот во форма на крст по што избегал. Златниот ланец и привезокот ги продал во продавницата за златен накит „Дијамант“ во Старата скопска чаршија за цена од 230 евра. 

По превземени мерки од страна на полицијата и изјава од очевидец  на настанот извршен е претрес во продавницата за златен накит „Дијамант“ и одземени се ланецот и привезокот кои се вратени кај оштетената. Истиот ден В.Г. е пронајден и приведен во полициската станица во Бит Пазар.

Од В.Г. се одземени и моторцикл марка СИМ, 4 банкноти од по 50 евра, една банкнота од 20 евра и една банкнота од 10 евра.

Од извршената проверка во крим-евиденциите во СВР-Скопје,  утврдено е дека  В.Г. досега не е познат како сторител на кривични дела.

најчитано сега