Плинска боца му експлодирала во лице - тетовчанец заврши на скопските клиники

 

77 годишниот тетовчанец К.А. заработил изгореници на рацете, лицето и грбот откако му експлодирала плинска боца додека се обидувал да ја приклучи на решо во помошна просторија од неговата куќа лоцирана на улицата „Браќа Миладиновци“.

Според податоците на тетовската полиција, несреќата се случила нешто пред 10 часот утринава. К.А веднаш бил префрлен во Тетовската клиничка болница од каде, поради сериозноста на повредите итно бил пренесен на скопските клиники.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на причините за несреќата.

23.02.2014 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега