Нови детали за бомбата во скопски Карпош
Експлозивна направа попладнево екплодирла на улицата Варшавска бр 1 во скопски Карпош, инфомира полицијата. Според последните информации кои г објави МВР, бомбата ксплодирала на самата улица, каде што се наоѓал штабот на опозициската СДСМ, но канцеларијата на опозициската партија не била цел на нападот. Како што веќе објави Press24 во експлозијата оштетени се 5 автомобили и нема повредени.
Полицијата се уште нема осомничени. Полициските екипи се уште се на терен а увидот е во тек. Од МВР најавуваат целосно расветлување на случајот.
23.02.2014 - 20:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа