Пандев се сели во Вардар?

Нашиот најдобар фудбалер кој настапува во Калчото во тимот на Наполи Горан Пандев би можел да биде ново засилување во тимот на Вардар, пренесува македонскиот интернет портал „Тип“.

Трансферот би можел да се случи на крајот на годината, но сето ова е само шпекулација затоа што порталот не се повикува на некои сигурни извори, само наведува дека така се зборувало низ „фудбалската чаршија“.

Ваквата трансфер сага е неверојатно да се случи ако се земе во предвид фактот што актуелниот договор на Струмичанецот со италијанскиот клуб се уште актуелен, а дополнителни потешкотии во реализација на истата е заинтересираноста на големите тимови како што се Монако, Тотенхем и Фиорентина.

Речиси е невозможно Пандев да се согласи да заигра за Вардар кога има можност да игра за европски гиганти, барем уште некоја година.

Повеќе за оваа информација можете да прочитате ТУКА.

25.02.2014 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега