Зависник од Пица: Таа е како секс дури и кога е лоша, добра е

 

Запознајте го човекот кој цели 25 години не јадел ништо други освен пица!

Триесет и осумгодишниот Дан Џенсен, Мериленд кој по занимање е дрводелец изјави за Vice дека ја започнал ваквата "диета" уште како тинејџер, кога одлучил да стане вегетаријанец од етички причини - иако не сака да јаде зеленчук.

Тој обично јаде две големи фамилијарни пици од 35 сантиметри, дневно, заедно со кафе. Додека студирал на Универзитетот Харвард, тој дури и се вработил во една од Domino's пицериите за да си ја задоволи страста за пица.

Освен што има дијабетис (како и сите членови во семејството), Г-дин Џенсен вели дека е фит, слаб и со "извонредно здравје".

Кога и да отидам на проверка кај нов доктор... мојата крвна слика покажува одлични резултати и ми кажуваат: "Супер си, се е во ред" - изјави Дан.

"Активен сум, возам велосипед секој ден и се чувствувам одлично"!

"Ако можам да кажам било што до луѓето на светот тоа ќе биде: Можете! Можете секој ден да јадете две фамилијарни пици и да бидете сосема супер!"

Тој вели дека најдобрата пица која некогаш ја јадел била кај Pontillo's пред 10-тина години. "Не можам да тврдам дали сеуште е добра, но последен пат кога ја јадев нивната пица, таа беше над билокоја друга пица што сум ја вкусил некогаш!"

И покрај тоа што верува дека големите и развиени синџири на пица-ресторани, обично прават не-толку-добра пица, Дан објасни дека: "Пицата е како секс - дури и кога е лоша, добра е!" 

27.02.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа