НБРМ одлучи: Девизи ќе може да се купуваат на банкомат

 

Можност за купопродажба на ефективни странски пари и денари на физички лица преку банкомат со функција за менувачко работење, предвидуваат измените и дополнувањата на Одлуката за менувачки работи што денеска ги усвои Советот на Народната банка на Република Македонија.

- Оваа новина засега би била дозволена само за банките, кои ќе имаат обврска за секој поставен банкомат со менувачка функција да достават известување со соодветна документација до Народната банка. Воедно, со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за менувачки работи се избриша обврската за овластениот менувач да врши продажба на нерезиденти само врз основа на реоткуп, информира НБРМ по седницата на Советот.

Според мислењето на независниот ревизор, финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија, од сите материјални аспекти, објективно ја претставуваат финансиската состојба на Народната банка на Република Македонија на 31 декември 2013 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што тогаш заврши, во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување, се додава во соопштението.

27.02.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега