СДСМ организира нови протести ?!
Применувајќи силен притисок врз своето членство, СДСМ подготвува да организира нови немири во Македонија, пишува Нетпрес.
Според нив опозицијата организира протест во сабота, а самиот терминот на протестот, не случаен и е планиран токму за денот кога ќе се одржи конвенцијата за претседателски кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според извори на Нетпрес главен организатор во опозицијата, е Миле Зечевиќ, кој во времето на влаедеењето на СДСМ, беше на чело на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Учесниците на протестите ќе бидат довезени во Скопје, главно од општините во кои е СДСМ на власт, поточно од Струмица и од Куманово, а за трошоците биле задолжени приватни фирми, кои најчесто ги добиваат тендерите и јавните набавки во овие две општини.
Партиска наредба од централата во Скопје добила буквално секоја општинска организација на СДСМ во Македонија. Секоја од нив требала да достави список со точен број на имиња и презимиња на лицата кои ќе патуваат во Скопје. Меѓу општинските организации, кои добиле наредба да донесат најголем број на луѓе се Прилеп, Велес, Штип, Охрид и Битол.
Во финансирањето вклучени се и испоставите на Сороз во земјава, поточно во делот на трошоците за превоз на партиските членови кои треба да бидат донесени во Скопје, односно оние кои треба да настапат под превезот на стечајци и социјално загрозени граѓани. Не се исклучува опцијата за време на протестот намероно да бидат предизвикувани инциденти, односно да бидат искршени возила, излози и друг имот.
Нетпрес додава дека ова не е прв ваков настан организиран од раководството на СДСМ и ова е само уште еден пример каде за сопствени политички цели сака да создаде турболенции и напнатост во земјава, со цел дефокусирање на јавноста во Македонија од конвенцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот избор за канмдидат за претседател, кој според досегашните анкети и рејтинзи е убедлив фаворит за нов претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа