Германската Маркард ќе вработи 600 лица во фабриката во Велес
Лудгер Шонекер, менаџер од корпорацијата Маркард која е една од германските инвестиции во Македонија, на синоќешниот Бизнис форум во Штутград изјави дека ќе почнат со изградба на фабриката во Велес во април годинава.
– Планираме да завршиме во април 2015 и да почнеме со проиводство, а ќе вработиме 500-600 луѓе. Проиводство од фабриката во Македонија ќе го пласираме во Германија, истакна Лудгер.
Компанијата Маркардпроизведува електронски клучеви, контролни табли за управувачи, централни конзоли за врати и прозорци.
Оваа инвестиција се проценува на 35 милиони евра.
28.02.2014 - 11:05
Фото:
Фактор
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа