Компаниите до 30 април можат да побараат субвенции за ХАЛАЛ

 

До 30 април компаниите да аплицираат за добивање субвенции за воведување ХАЛАЛ, апелира денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

- Проектирани се вкупно 3,1 милион денари за целосно воведување ХАЛАЛ во околу 10 компании. Очекувам до 30 април да се пријават барем толку и да добијат средства доколку ги исполнуваат потребните услови, рече министерот по денешниот состанок со стопанствениците.

Во последните 20 години само 11 домашни компании вовеле ХАЛАЛ, а кај четири е во тек процедурата за имплементација.

- На почетокот имаше многу голем интерес за воведување ХАЛАЛ, а сега кога Владата обезбедува субвенции за да бидеме поконкурентни и да влеземе на трети пазари, одѕивот е многу мал, истакна Мендерес Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

- Македонските компании за да бидат конкурентни, извозно способни и за да можат да освојуваат странски пазари во иднина се повеќе ќе мора да го имплементираат ХАЛАЛ стандардот. Ова не се однесува само за земјите со доминантно исламско население, зашто се повеќе овој стандард се бара и во ЕУ, САД, Австралија, посочи Митко Алексов од Сојузот на стопански комори.

Во Хрватска, за споредба, 60 компании се со сертифициран ХАЛАЛ, а во БиХ 50. 

28.02.2014 - 13:32
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега