Еве како да го намалите салото од стомакот
Факт е дека не е можно да се изгуби вишокот на сало од стомакот без намалување на вкупните телесни масти. Еве како најлесно можете да го загубите вишокот килограми.
Пример Мени
Појадок: филџан мусли прелиени со млеко
Ужина: суви бадеми, ореви, лешници до 50 гр.
Ручек: За ручек можете да изедете месо колку што сакате и тоа риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само стек без маст. Месни преработки избегнувајте.
Дозволено е да се земе интегрален или ржен леб. Месото можете да го подготвите на кој било начин, но одбегнувајте секојдневно пржење на храната.
Ужина: една јаболка, крушка, праска, грст јагоди, малини, а банани одбегнувајте.
Вечера: бистра супа од зеленчук без тестенина, сардина или туна со исцедено масло, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или супа од зеленчук без тестенини, две тврдо варени јајца, домати.
Поради вежбањето и монотоната исхрана, пијте витаминско-минерални таблети.
Дополнителни совети
Никогаш не вечерајте барем три часа пред одењето во кревет.
Не јадете слаки и грицки.
Не пијте пиво, газирани пијалоци и зашеќерени овошни сокови.
Не јадете бел леб.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа