Ќе бидеш моја или мртва- манијак ја прогонува Сораја
Српската старлета Сораја со денови добива заканувачки пораки од некои обожавател кој е заљубен во неа, па потоа изјавите на љубов преминале на закани.
- На ниту една девојка не и било сеедно да и стигнуваат вакви пораки, па ниту мене. Ако нешто не се промени, ќе мора да побарам помош во полиција, изјавила преплашената старлета.
Тајниот обожавател прво и праќал љубовни пораки, на кои на почетокот таа враќала, а откако престанала да му пишува, тоа очигледно го погодило, па почнал да и се заканува.
Најверојатно е заљубен во неа, па дури и пратил фотографија од неговата соба, која е излепена со нејзините постери, од подот до плафон. Кога и на тоа не му одговорила и ја пратил следната содржина: Ќе бидеш моја или на Бог! Покрај мене никој нема да те има, Сакам само јас да те гледам, љубоморен сум на ветрот кој ти дува во косата, а не пак на другите мажи, ова се дел од пораките кои и стигнале на нејзиниот мобилен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа