Богов: Македонската економија со нагорен тренд

 

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, денеска истакна дека движењата во македонската економија се доста поволни и се движат во нагорна насока. Потенцира дека македонската економија еден позитивен тренд кој се очекува да продолжи, иако постојат надворешни ризици како што е состојбата со Украина.

- Се очекува импулсот на странските директни инвестиции и јавните инвестиции да продолжи и годинава. Изградбата на двата патни правци Кичево-Охрид и Скопје-Штип, како и пругата кон Бугарија ќе придонесат за задржување на високото ниво на јавни инвестиции. Трет фактор е тоа што очекувме растот во европската еконономија што ќе ја зајакне побарувачката на традицоналните производи што ќе придонесе за поголем раст на БДП, рече Богов.

Потенцира дека има еден предвидлив амбиент за компаниите, за инфалцијата и движењето на главните макроекономски варијабили. Каматните стапки, додаде, се на историски најниско ниво од осамостојувањето меѓу 6 и 7 проценти што претставува поволен услов за бизнисот.

- Минатата година имавме слаб раст на кредитирањето на компаниите околу 1,5 процент, а во последните месеци почна да расте, а кај населението растот беше 10 проценти, рече Богов и додаде дека зголемувањето на економската активност веќе укажува дека може да има поголема кредитна активност.  

На новинарско прашање во врска со потрошениот буџетски дефицит од почетокот на годината рече дека не е почувствувано нарушување во рамнотежата на економијата и оти значајно е дефицитот до крајот на годината да се задржи во предвидените рамки. 

Народната банка, како што рече Богов, во континуитет ја оценува макроекономската состојба и доколку се појави потреба од преземање мерки секако дека ќе се применат. Во моментов поставеноста на макроекономската стабилност ја оценува како соодветна.  

 

03.03.2014 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега