Питсбург се запозна со можностите за инвестирање во Македонија

 

Економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и  директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, денеска ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата на Питсбург, САД.

Во рамки на посетата на Питсбург ќе биде одржан и настан во соработка со организацијата „Глобал Питсбург“ на кој ќе учествуваат претставници на компании од областа на Питсбург кои се заинтересирани за можностите за инвестирање во Република Македонија. Договорени се и средби со менаџментот на неколку компании  од металопреработувачката индустрија, автомобилската индустрија, како и од индустријата за производство на високо квалитетна заштитна опрема при работа, каде ќе се дискутира за поволностите кои ги нуди Република Македонија за инвестирање на странските компании, како и за условите во технолошко индустриските развојни зони.

Македонскиот економски тим ќе го посети и градот Јангстаун. 

04.03.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега