Стоески си го убил пријателот поради дрога или прељуба? - Најнови детали за двојното убиство во Перт
Австралиските медиуми продолжуваат да објавуваат нови детали поврзани со двојното убиство во Перт, кога беше убиен Македонецот Сашо Филковски (37) и 31 годишната Ванеса Фарчиќ. Првите претпоставки беа дека мотив за убиствата била прељубата, но, во меѓувреме австралиските медиуми објавија дека Филковски бил обвинет за поседување дрога и на денот на убиствата требало да се појави во судот.
За двојното убиство единствено е обвинет 36 годишниот Никола Стоески, сопруг на Фарчиќ. Според обвинението, Стоески најпрво го убил својот пријател од детството Филковски, а еден час подоцна ја убил и својата сопруга.
Стоески во моментов е во притвор, а пред судот ќе се појави на 29. мај. На краткиот распит пред истражниот судија присуствувале двајца мажи и една жена, кои откако Стоески бил спроведен во притвот, ја напуштиле судницата. Сеуште не е познато дали станува збор за роднини или пријатели на обвинетиот или на жртвите.