Караван за адаптација на земјоделството на климатските промени

 

Во рамки на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија, во Богданци продолжува Караванот за климатски промени.

Предвиденот е караванот, во текот на мај и почетокот на јуни да посети шест рурални општини во Македонија.

Целта на оваа кампања е да допре до жителите од руралните средини за да ја зајакне нивната свест за предизвиците од очекуваните климатски промени и потребата од заедничко дејствување ниво на заедницата.

Се очекува на настанот да се обратат градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева и заменик директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени Весела Ламбевска Домазетова.

Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, почна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија.

Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се адаптираат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.

најчитано сега