Германски „Маркард“ наскоро ќе ја почне изградбата на фабриката во Велес
Германската компанија „Маркард“, во април или мај годинава ќе почне со изградба на својот капацитет кај Велес. Според предвиденото, изградбата треба да заврши до март следната година, а производството да почне во јуни 2015 година, најавува во интервју менаџерот од корпорацијата Лудгер Шонекер.
Шонекер посочува дека пријателското расположение кон бизнисот и искреноста кон инвеститорите, биле клучен фактор за да инвестираат во Македонија.
Разговаравме, вели тој, и со други компании и скоро сите ни го кажаа истото, дека земјата поседува добра работна сила, хендикепот е недостатокот на искуство кај луѓето, но тие се мотивирани и добро образовани, така што ако се стават во позиција можат да ја извршат работата.
Инвестицијата е вредна 35 милиони евра и предвидено е во наредните четири до пет години, да бидат вработени 500 до 600 лица.
Шонекер објаснува дека производите од капацитетот во Македонија ќе се испорачуваат до главната централа на компанијата во Германија, а од таму до нивните клиенти. Меѓу клинетите се Дајмлер, БМВ, Ауди, Фолксваген.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа