Албанската полиција заплени два тони марихуана во Драч

 

Албанската полиција заплени два тони марихуана и уапси две лица во масовната акција спроведена во близина на градот Драч.

Дрогата е пронајдена во камион на 25 километри од главниот град Тирана. Марихуаната е купена во селото Лазарат, познато по производството на марихуана. 

Во друга операција спроведена во градот Валона во југозападниот дел на Албанија властите конфискувале 170 килограми канабис и уапсиле три лица. 

10.03.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега