Москва ќе му помогне на Крим со 790 милиони евра

Пратеникот од руската Дума, Павел Дорохин изјави дека Москва е подготвена да му додели 790 милиони евра на Крим.

- Руската Влада предвидува голем буџет од околу 40 милијарди рубљи за поддршка на развојот на економската инфраструктура во Крим, истакна Дорохин, кој е заменик-претседател на Комисијата за индустриски прашања во Долниот дом на рускиот Парламент. 

Во украинската автономна република Крим на 16 март ќе се одржи референдум за приклучување кон Руската федерација, кој од Киев и Западот е прогласен за нелегитимен.

 

 

10.03.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега