ФОТО: „Ги убив за да ги спасам" - еве што изјави мајката која си ги избоде децата

Албанка го потресе Балканот откако со нож си ги усмрте трите малолетни ќерки. Се работи за 38-годишна Албанка која ги уби 13-годишната Симона, 10-годишната Кеси и 3-годишната Синди, поради тоа што според неа не ги очекувала светла иднина.

Ги убив за да ги спасам од очајничкиот живот што ги очекуваше во иднина, им рекла Едлира Добруши на карабињерите кога дошле во нивниот стан во периферијата на градчето Лечо.

-Кога полицијата стигнала во малиот стан каде живеела разведената жена, карабињерите се сочиле со сцена од хорор филм, зашто се било прекриено со крв. Откако ги убила девојчињата едно до друго ги легнала на кревет а таа со рана на раката и вратот во состојба на шок била легната пред влезната врата на станот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Инаку, таткото на тритедевојчиња за трагедијата дознал од  албанската полиција. Тој бил разведен од мајката која го потресе Балканот.

10.03.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега