Од полноќ нови цени на горивата
Регулатората комисија за енергетика денеска донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати.
Според најновите измени, од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,47 %, со што цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/литар.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС -95 изнесува 78,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,50 ден/лит.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа