Облаци и снег - какво ќе биде времето денеска?

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени слаби локални врнежи од снег, само во крајниот југоисточен дел ќе бидат од дожд. Во текот на денот, особено попладне облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст. 

11.03.2014 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега