Си ја убил сопругата со секира - уште еден хорор го потресе Балканот

Уште една хорор случка го потресе Балканот. 61-годишниот Милосав К. од Смедерево е уапсен откако си ја убил својата две години постара сопруга со секира.

Според податоците од српските медиуми, хорор сцената се случувала во нивната семејна куќа каде тој по кратка расправија започнал да ја удира со секира. По ударите жената давала знаци на живот, но тогаш мажот земал нож и ја избодел во пределот на вратот при што таа им подлегнала на повредите.

Српската полиција го предала ососмничениот на обвинителството, а се истражуваат причините за ваквото свирепо убиство.

11.03.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега