Заложничка драма во Загреб - киднапирал девојка поради сапун!

Заложничка драма го потресе Загреб. Утрово околу 8 часот бил уапсен 46-годишниот Здравко Кенгелиќ кој кај загребскиот Сити центар на Житњак грабнал жена, верувале или не поради сапун!

Според податоците од хрватските медиуми, Хрватот вчера украл сапун, а откако обезбедувањето на центарот го приметило и почнало да трча по него, тој почнал да пука кон нив па бегајќи наишол на двојка која седела во автомобил марка пежо. Разбојникот ја грабнал девојката, која за среќа не е повредена, но сеуште е во шок.

полицијата утрово го фатила насилникот.

11.03.2014 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега