Никос Диму ги разгневи Грците: Македонија може да се нарекува како што сака, „па и Македонија“

Грција веќе загуби во однос на прашањето за името. Деведесет и пет проценти од државите во светот го прифаќаат името Македонија, а ние продолжуваме да дискутираме за ова изјави Никос Диму, член на новата грчка политичка партија „Потами“ (Река) во гостување во емисија на телевизијата Скај.

Тој изјави дека поддржува решение врз основа на сложено име со географска одредница, но додаде дека се согласува оти Македонија може да се нарекува како што сака, „па и Македонија“.

- Прашањето за името беше погрешно раководено од страна на грчките влади уште од самиот почеток. Тоа е прашање за кое веќе загубивме, истакна Диму, пренесе МИА.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој додаде дека тоа е негов личен став, а не и на партијата која, што како што рече,  „се уште нема изградено позиција по ова прашање“.

Грчките медиуми остро ја осудија неговата изјава. Електронското издание на „Елисис Елинон“ коментира дека „новата партија рано ги откри своите цели“.

11.03.2014 - 11:07
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега