Осум години од смртта на Слободан Милошевиќ

Денеска се одбележуваат осум години од смртта на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

Тој почина  од инфаркт во својата ќелија во Хашкиот трибунал, во текот на судењето за воени и злосторства против човештвото во Хрватска и во Косово и за геноцид во Босна и Херцеговина. Поради одбивањето на градските и државните власти по барање на семејството да издадат дозвола негово погребување во Белград со државни почести, тој беше погребан во дворот на семејната куќа на својата сопруга Мирјана Марковиќ во Пожаревац.

Слободан Милошевиќ беше неприкосновен лидер на Социјалистичката Партија на Србија, два пати претседател на Србија, а потоа и на СР Југославија. Неговото автократско владеење е завршено кон крајот на 2000-та година со победата на Војислав Коштуница на претседателските избори како кандидат на здружената демократска десница (ДОС).

 

11.03.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега