Санадер си заработи затворска казна од девет години

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска неправосилно е осуден на единствена затворска казна од девет години поради извлекување пари од државни институции и фирми преку маркентишката агенција  Фими Медија, според која е наречена и најголемата корупциска афера во хрватската политика.

Доколку биде потврдена првостепената пресуда, освен затворската казна Санадер ќе треба да врати и 15,27 милиони куни, односно околу два милиони евра, за кои загрепскиот Жупаниски суд утврди дека ги стекнал на незаконски начин.

Освен Санадер, со неправолилна пресуда за виновни се прогласени уште четири лица, меѓу кои и сопственчката на Фими Медија, Невенка Јурак и поранешниот потпарол на Санадер, Ратко Мачек.

Хрватската демократската заедница е казнета со пет милиони куни, околу 700 илјади евра а им се одзема и имотната корист остварена со кривичното дело во износ од 24,2 милиони куни, пренесува Ина.

ХДЗ на обвинението одговори дека извршените незаконитости се направени без знаење на регуларните партиски тела, како и дека Санадер и останатите поради нанесената материјална и репутациска штета би требало да вратат 50 милиони куни.

Санадер кому му е ова втора пресуда за корупција и овој пат тврдеше дека е невина жртва на политички прогон.

11.03.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега