Ја силувал за 8-ми март па пред полицијата се правдал дека и платил за сексот

Како што пишуваат босанските медиуми на 8-ми март околу 16:10 часот во пригратската населба Трново, непознат маж ја силувал 57-годишната Б.М. во нејзината куќа, а подоцна полицијата го уапсила Екрем Пајазетовиќ (53) од Велика Кладуша.

-Откако ја добивме пријавата отидовме о куќта каде беше извршен разговор со Б.М., која изјави дека непознат маж, на возраст од околу 50 години, низок, со качкет. Откако дошол ја прашал дали сака да се омажи со него, а потоа почнал да ја допира по телото, истакна Фадил Балич, портпарол на МУП УСК.

Жената  истакна дека тој со сила прво ја натерал на орален секс, а потоа на сексуален однос. За целото тоа време и ја држел раката на уста за да не бара помош.

По силувањето, неколку пати и удрил шамар и боксови по главата, навредувајќи ја со погрдни зборови.

Насилникот ги отфрли обвинувањата и истакна дека тоа не било силување, туку тој и платил за да имаат секс.

11.03.2014 - 19:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега