"Што е монструме што ме гледаш?" - убиецот на манекенката Червенко тврди дека е луд

Судењето на убиецот на манекенката од Нови Сад, Владислава Червенко, е закажано на 21 март, а одбраната ќе тврди дека тој е поделена личност.

Сестрата на манекенката, Тања Червенко, вчера во судницата не можела да се смири и постојано извикувала: - Што е монструме што ме гледаш? Не ти се плашам ни сега а нема да ти се плашам ни во иднина. Мислиш дека вака ќе добиеш слобода?, извикувала сестрата, пренесе српскиот Курир.

Таа вели дека кога го видела неговиот поглед не можела да се смири и дека ако така ладнокрвно ја гледа неа, кој знае како ја гледал нејзината сестра.
Сега, одбраната на наредното рочиште закажано за 21 март ќе се обиде да ги убеди судиите дека Даријан Мишиќ е поделена чичност и дека има психички проблеми.

За потсетување, Даријан ја уби својата девојка Владислава во 2012 година, поради љубомора. Тој ја претепа до смрт во нејзиниот стан во Нови Сад.

12.03.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега