Матичното не е повеќе „ин" - еве каде склучуваат брак Македонците

Над 1.000 брачни двојки во Македонија минатата година брак склучиле на локации надвор од салите за венчавки. Во интервјуто за МИА, директорот на Управата за водење на матични книги, Ашим Зеќироски, вели дека се повеќе Македонци склучуваат брак надвор од матичното, а најинтерсните места каде се случиле венчавки се Порта Македонија, Плоштадот во Скопје, Градскиот парк, Скопското Кале, на брод среде  Охридското езеро, на Милениумскиот крст на Водно, во Ботаничката градина во Скопје, во Музејот на националната борба на македонскиот народ, по значајните манастири и цркви ширум Македонија, како и во зимските туристички центри. 

- Изборот на секоја странка е уникатен, а Управата за водење на матичните книги ги почитува желбите на граѓаните на Република Македонија и бракот надвор од службените простории се склучува онаму каде ќе посакаат, вели Зеќироски.

Зеќироски појасни дека брачните двојки до Управата за водење на матичните книги поднесуваат барање во кое истакнуваат на кој датум, во колку часот и каде сакаат да го склучат бракот. Управата е должна да ги упати странките во матичното подрачје чиј матичар во избраниот момент е слободен да го склучи бракот. Пред матичарот странките го прават записникот за брак, поднесуваат изводи од матичните книги на родени и документ за индентификација, лична карта или пасош. Според Правилникот, надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории од понеделник до петок и првата работна сабота, по 16:30 часот, до 10 километри од матичното подрачје изнесува 3.300 денари. Во саботите и неделите, како и за време на државните празници или други неработни денови, под истите услови, сумата на надоместокот е 6.600 денари.

Граѓаните се многу задоволни што ја имаат оваа можност за венчавка надвор од матичното.

13.03.2014 - 09:14
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега