Покрената преткривична постапка за случајот „Актор"

Јавното обвинителство покренало преткривична постапка за случајот „Актор“.Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, соопшти дека од Управата за финансиско разузнавање бил испратен предмет во кој се бара блокирање имот и сметки за најмалку две трговски друштва, но не се откриваат имињата на фирмите со оглед на тоа дека истрагата е сеуште во тек и тоа би можело да и наштети на истата.

Во соопштението од управата стои дека  изминатиот период се вршат проверки и соодветни дејствија за обезбедување факти, докази и аргументи кои се од битно значење за понатамошното одвивање на целата постапка, која сѐ уште трае, а за чиј епилог јавноста ќе биде соодветно информирана. Обвинителството утрово ги блокирало сметките на фирмите.

Зврлевски вели дека за еден до два месеци веќе ќе ја запознае јавноста со резултати од истрагата.

За потсетување, аферата Актор ја покрена опозициската СДСМ која обвини за сомнително подигнување на 3,5 милиони евра готовина од грчки државјани, од филијалата на „Стопанска банка“ во Неготино, од сметката на грчката компанија „Актор“, која го гради автопатот Демир Капија – Смоквица. 

13.03.2014 - 13:57
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега