Реконструкцијата на студентскиот „Гоце Делчев“ продолжува по изборите

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска информираше дека реконструкцијата  и подобрувањето на условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе продолжат веднаш по завршувањето на изборниот процес.

- Имаме готов проект за реконструкција и санација на студенстскиот дом „Гоце Делчев“ кој треба да се реализира во летниот период кога има најмала фреквенција  на студенти, рече Ристовски одговарајќи на прашање по посетата на учениците од паралелката за фудбал при Спортската академија и додаде дека како Влада во изминатите неколку години се инвестирани приближно 200 милиони денари во насока на подобрување на стандардите за сместување во студентските домови.

-  Ќе продолжиме и во следниот период во рамки на нашите приоритетни активности да инвестираме во делот на студентските домови и подобрување на условите за престој во нив, потенцира Ристовски. 

13.03.2014 - 15:11
Фото: 
zase

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега