Реконструкција на 13 мостови долж Коридорот 10

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе ја посети локацијата каде се во тек активности за реализација на проектот за рехабилитација на мостови на патниот правец Велес – Скопје на Коридорот 10.

Се очекува до септември следната година да бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10, во вредност од околу 8,6 милиони евра, а претходно со реализација на првата и втората фаза беа реконструирани 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри, за кои инвестицијата изнесуваше 22.500.000 евра

14.03.2014 - 09:24
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега