УЈП: 140 илјади граѓани доставиле Годишни даночни пријави

 

До Управата за јавни приходи 143 илјади граѓани доставиле Годишни даночни пријави за 2013 година.

- Оваа година со пуштањето во употреба на е-даночните сервиси за граѓаните над 1.000 граѓани го искористиле овој систем и електронски ја доставиле годишната даночна пријава, информира Весна Новаковиќ од Управата за јавни приходи.

За потсетување, годишните даночни пријави можат да се достават до 17 март, а освен во даночните канцеларии на УЈП, оние граѓани кои се наоѓаат во Скопје, а се од друга општина, може да ги достават своите Годишни даночни пријави до Контакт центарот на УЈП во Градскиот трговски центар во Скопје кој работи и утре до 20 часот.  

Се очекува до УЈП до крајниот рок да се достават како и минатата година 170 илјади годишни даночни пријави.

14.03.2014 - 13:17
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега