Подметната бомба пред зградата во која живее српскиот претседател Николиќ
Експлозивна направа е пронајдена под автомобил во непосредна близина на зградата во која живее српскиот претседател Томислав Николиќ.
Бомбата била поставена под автомобил марка Голф 5 во сопственост на Александар С. кој воедно и ја открил бомбата, а на полицијата и е познат од поодамна како сторител на кривични дела.
Бомбата е подметната во непосредна близина на зградата во која живее српскиот претседател Томислав Николиќ.
На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата при што бомбата била успешно деактивирана.