Бесплатен превоз за потполно глувите лица и лицата со интелектуална попреченост

Новите измени во законот за патен сообраќај ќе им помогнат и на лицата со инвалидитет, информираа на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

-Вистинската интеграција на лицата со инвалидитет во севкупното живеење започнува со тоа што им се овозможуваат услови за непречена комуникација и движење. Министерството за труд и социјална политика со партнерите од невладиниот и граѓански сектор и другите институции, постојано осмислува концепти за  поволности на лицата со инвалидност. Во контекст на кажаното би ги навел новововедениот надоместок за глувост за потполно глувите лица, новата парична помош за лица со квадриплегија, зголемувањето за 50 проценти на додатокот за  самохрани родители со деца со пречки во развојот, чија реализација е во тек, и со кој сакаме да постигнеме подобра социјализација на овие наши сограѓани.  Додека пак преку проектот Обука за фармацевти за совладување на знаковниот јазик, обуките за толкувачи и голем број на други проекти за  лицата со инвалидност го олеснуваме нивниот секојдневен живот, рече министерот Спасов.

Измените во законот за патен сообраќај беа направени поаѓајки од принципот на меѓуресорска соработка со цел креирање бенефити за лицата со инвалидност, информираа денеска Спасов и РИстовски. Имено  до сега, правото на повластен превоз во меѓуградскиот сообраќај, го користеа 2470 слепи лица и 348 лица со телесна инвалидност или вкупно 2818 лица кои понатаму ќе ја користат оваа бесплатна услуга.

-Со цел да им помогнеме и на потполно глувите лица како и на лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост, со измените во законот за патен сообраќај се овозможува бесплатен меѓуградски превоз кој што ќе го обезбедат автобуските превозници.Од сега па натаму, во соработка со Министерството за транспорт и здружението на превозници  се обезбедува бесплатен превоз на оваа категорија на наши граѓани и нивни придружници. За нив се обезбедуваат 6 повратни карти во меѓуградскиот сообраќај.За остварување на оваа поволност потребно е лицата да приложат потврда за членство и возен картон издаден надлежниот национален сојуз.  Би сакал да му се заблагодарам на министерот за транспорт и врски и здружението на превозници  кои помогнаа  да се реализира оваа поволност, објасни Спасов.

Министерот Спасов нагласи дека министерствата ќе продолжат да преземаат конкретни чекори и мерки за подобрување на животот на лицата со инвалидитет.

15.03.2014 - 13:45
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега