ФОТО: Ивана од Скопје прогласена за зимска убавица на Македонија
Во петокот вечер се претставија во клубот „Театро“, а беа и дел од Саемот за венчавки кој се одржа во хотелот Александар Палас каде учествуваа на неколку модни ревии и фотосесии за венчаници
Во „Театро“ победи Ивана Ѓеоргиевска од Скопје, прва придружничка беше Ана Марија Танеска исто така од Скопје, а втора Ангела Спасовска од Куманово, пишува Курир
Финалето ќе се одржи наредниот викенд, на 22 март во Куманово, во дискотеката „Лолипоп“, а вкупната победничка ќе ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина или модели за кои Модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа