ВМРО-ДПМНЕ: Како Шилегов направи пола милион евра со плата од 23.0000 денари?
Во медиумите овие денови излегоа фрапатни информации за личното богатство на Петре Шилегов. Според нив тој поседува трикатна куќа со вкупна површина од 313 метри квадратни, два луксузни автомобила, Мерцедес и Ауди и плус стан во Скопје на негово име со површина од 88 метри квадратни.
Ако се пресмета пазарната вредност на овој имот Шилегов има богатство во вредност од околу половина милион евра. Исто така, во медиумите излегоа информации дека Шилегов во време на владите на СДСМ ја извршувал функцијата Претседател на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки.
Тој дирекно одлучувал кој ќе добие бизнис и јавни набавки во тоа време, а кој не. Шилегов со свој потпис одлучувал јавни набавки да добиваат фирми кои што директно се поврзуваат со СДСМ и највисокото партиско раководство на СДСМ.
Тој ги одбивал сите жалби на други реномирани фирми, а јавните набавки ги добивале фирми како СЕМОС, фирамата Јавор Шпед во која соопственик е бизнис партнерот на Заеви, веледрогеријата Пановски и фирмата Брилијант и други фирми блиски на СДСМ.
Трето, во јавноста излегоа податоци дека Шилегов и неговата сопруга во нивната фирма имаат минимални примања, односно тој во месец јануари оваа година е пријавен на 22 929 денари, а неговата сопруга за истиот месец добила 10 900 денари плата.
Ниту една од овие информации во јавноста Шилегов и СДСМ не ги демантираа.
Се прашуваме како возможно човек со толку мали примања да се стекне со богатство од над половина милион евра?
На семејство со толкави примања му се потребни над 83 години за да стекне толкав имот, без притоа да купува храна, облека, лекови, да подмирува сметки или да има било какви трошоци какви што има секое друго семејство во Македонија.
Тоа е невозможно!
Го прашуваме господинот Шилегов, како го стекнал овој имот?
Кога успеа да заработи над половина милион евра за да поседува луксузна куќа, стан и автомобили?
Дали овој имот Шилегов го стекнал во времето кога ја вршел функцијата Претседател на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки и кога им обезбедувал тендери на фирмите блиски до СДСМ?
Тоа што Шилегов и СДСМ упорно молчат само ги потврдуваат сомнежите дека Петре Шилегов не го стекнал своето богатство со обична плата, туку го стекнал на друг начин.
Зарем СДСМ вака ја замислува средната класа во Македонија која ја промовира во својата програма.
Очигледно дека по урнекот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска и Петре Шилегов успеал да стекне имот на крајно сомнителен начин, без притоа да даде одговор како успеал да го заработи
(Интегрален текст од прес конференција на Сашо Трпевски, ВМРО-ДПМНЕ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа