Грчките неонационалисти се заканија: Ако муслиманите не ја напуштат земјава ќе има крв на сите страни!

 

Грчките неонацисти ѝ се заканија на муслиманската заедница во Грција дека ќе бидат заклани доколку не ја напуштат државата, пренесе Анадолија.

- „Муслимански убијци, ако до 30 јуни не ги затворите своите бордели во Грција, ќе ве испратиме во пеколот. Оние кои нема да го почитуваат ултиматумот, ќе бидат заклани како кокошки на улица“, се наведува во писмото кое е напишано на три јазика, грчки, арапски и англиски.

- Ако муслиманите во Грција не ја напуштат земјата во следните денови, ќе има крв на сите страни, се додава во писмото.

 

најчитано сега