Времето се мрдна - температури и до 26 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од југозападен правец, а попладне и кон крајот на денот од север постепено ќе се спушта постуден воздух проследен со засилување на ветерот. Локално ќе има извесно зголемување на облачноста и опаѓање на температурата за еден до два степени.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Попладне ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе се засилува, а ќе има и умерена локална облачност. Утринската температурата ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, а за време на викендот ќе има извесно зголемување на облачноста. 

19.03.2014 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега